Connect with us

Тајмаут

Бар во Рио дава бесплатна пијачка секој пат кога Нејмар ќе падне

Репрезентацијата на Бразил утре против Србија го игра натпреварот од третото коло од групната фаза од Светското првенство.

На Бразил му е потребна победа за да го обезбеди првото место во групата, но и реми ги води во осмина финалето. Од друга страна, на Србија му одговара само победа против „Кариоките“ за да се пласираат во нокаут фазата.

Пред утрешниот натпревар еден бар до Рио де Жанеиро започна интересна акција. Барот „Sir Walter Pub“ одлучи дека сите гости ќе имаат бесплатна пијачка секој пат кога Нејмар ќе симулира прекршок и ќе лежи на теренот.

Знаејќи како игра Нејмар на ова Светско првенство не би било чудно сопствениците на овој бар на крајот да банкротираат. Сепак, сите се надеваат дека Бразил ќе победи и ќе се пласира понатаму.