Connect with us

Фудбал

Барса сака да го раскине договорот со Алба, тој не сака да си замине

Дефанзивниот фудбалер на Барселона, Џорди Алба, не сака да го напушти клубот во следниот преоден рок, пренесува „Спорт“. Фудбалерот планира да го носи каталонскиот дрес до крајот на договорот кој истекува летото 2024 година.

Од друга страна, Барселона на секој начин би сакала да се ослободи од искусниот дефанзивец на крајот од сезоната, бидејќи доколку Алба остане до крајот на последниот договор, Каталонците ќе му платат вкупно 38 милиони евра за тоа време!

Челниците на Барселона веќе истакнаа дека императив на клубот е да го намали буџетот за плати за околу 200 милиони евра, бидејќи во моментов не ги исполнуваат сите барања на Ла Лига во однос на финансискиот фер-плеј.

Сепак, дефанзивецот сака да го носи дресот само на тимот кој од клупата го води Чави. Сега има 34 години, тој постигна гол и додаде три асистенции во шпанската лига оваа сезона. Јуниорот на Барселона стана член на првиот тим на Каталонците уште во 2012 година, кога од Валенсија пристигна на „Камп Ноу“.