Фудбал
Барселона бесплатно ја носи ѕвездата на Ливерпул?
На Роберто Фирмињо (31) му истекува договорот со Ливерпул на крајот од сезоната и ќе стане нов играч на Барселона, тврди Дејли Меил. Бразилскиот напаѓач помина осум години во англискиот клуб, кој го донесе за 40 милиони евра од Хофенхајм во 2015 година. Досега на 360 натпревари постигна 109 и асистираше на 79 голови, а со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Светското клупско првенство.
Фирмино стана легенда на Ливерпул која тренерот Јирген Клоп сакаше да ја задржи и покрај тоа што не беше првотимец. Но, Бразилецот реши да си замине. Барселона има проблеми со финансиите, но англиските медиуми пренесуваат дека сепак ќе го доведат во тимот на тренерот Чави Ернандез.
Главна конкуренција на Фирмино во Барселона ќе му биде одличниот стрелец Роберт Левандовски, додека останатите каталонски напаѓачи се крилни играчи. Според Transfermarkt, Фирмино вреди 22 милиони евра. За репрезентацијата на Бразил има 55 настапи и 17 голови.