Connect with us

Фудбал

Барселона ги отстранува неговите фотографии од плакатот, на сите им е јасно дека си заминува од клубот

Барселона е многу активна на пазарот ова лето, но каталонскиот клуб има неочекувани проблеми со продажбата на играчи.

Јасно е дека Барселона мора да продаде неколку играчи за да направи простор за доаѓање на нови засилувања. Чави одамна вкрсти речиси десет првотимци, но работите не одат баш најдобро кога се во прашање нивните заминувања.

Клубот сака што побрзо да се ослободи од неколку играчи за да ги регистрира Кесие и Кристенсен, но и најважно да ги официјализира трансферите на Роберт Левандовски и Рафиња.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона испратила понуда од 50 милиони евра за Левандовски, која Баерн ја прифатила, а се очекува Полјакот конечно да пристигне на Камп Ноу до крајот на оваа недела.

Неговото доаѓање ќе создаде „гужва“ во нападот и Чави ќе мора да се ослободи од еден од напаѓачите. Како што најави почитуваниот Жерар Ромеро, изборот речиси сигурно ќе падне на Мемфис Депај.

Иако Холанѓанецот само пред една година пристигна во Барселона, од клубот сметаат дека најдобро е да го продаде, а ќе заработи околу 20 милиони евра. Депај на тој начин ќе му го отстапи местото, но и бројот девет, на Левандовски.

Исто така, Ромеро утринава објави дека побарале од Барселона да ги отстрани фотографиите на Депај од промотивните постери за турнејата низ Америка, што јасно укажува дека Холанѓанецот речиси сигурно го напушта каталонскиот клуб.

Депај во Барса пристигна пред една година без обештетување, а клубот сега би можел да заработи околу 20 милиони евра, што воопшто не е лоша зделка.