Фудбал
Барселона го претстави новиот напаѓач
Бразилскиот 18-годишен напаѓач Витор Хуго Роке пристигна во Барселона во средата наутро, објави клубот на својата официјална веб-страница. Тој потпиша договор на осум години, до 30 јуни 2031 година, а откупната клаузула во тој договор е 500 милиони евра.
Младиот напаѓач пристигнува од бразилскиот Атлетико Паранаенсе за 40 милиони евра. Тој е означен како голем потенцијал, кој веќе се покажа во најсилното можно натпреварување во Бразил. Само оваа година постигна 20 гола во сите натпреварувања, а на тоа додаде и осум асистенции.
Vítor Roque is here. pic.twitter.com/oitUhXAIn6
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 27, 2023