Connect with us

Фудбал

Барселона отфрлила четири понуди за Андре Гомеш

Барселона отфрлила четири понуди за играчот од средниот ред Андре Гомеш, објавија медиумите во Шпанија.

Според „Ел Мундо Депортиво“ поранешниот фудбалер на Валенсија е силно посакуван како од неговиот екс-клуб, така и од Тотенхем, Лацио и Јувентус. Весникот, исто така, пишува дека сите четири клубови направиле конкретни предлози за него, но никој од нив не го задоволило раководството на тимот.

Минатата недела истото издание пишуваше дека шпанскиот шампион е подготвен да се раздели со фудбалерот и да го продаде за 22 милиони евра, иако тој чинеше 55 милиони евра пред две години.

Самиот играч неодамна призна дека не успеал да се наметне поради големиот медиумски притисок и слабата форма во која се наоѓа.

Гомез сигурно ќе замине откако не успеа да ги исполни своите очекувања, но ќе биде продаден само по вистинска цена.