Connect with us

Фудбал

Бензема повторно кобен за Ливерпул, Наполи лесно со Ајнтрахт

Вечерва ги добивме последните двајца учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Се очекува тоа да бидат Реал Мадрид и Наполи.

Нови победи на Реал Мадрид и Наполи за очекуваното место меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Реал го совлада Ливерпул со 1:0 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, додека Наполи беше уште поубедлив на стадионот „Диего Армандо Марадона“ против Ајнтрахт Франкфурт – 3:0.

И двајцата домаќини беа големи фаворити благодарение на убедливите победи во првите гостувања. Реал на „Енфилд“ го совлада Ливерпул со 5:2, додека Наполи во Франкфурт победи со 2:0.

Натпреварот во Мадрид се одвиваше во отворена игра на двете страни, но и двата голмани Алисон на едната и Куртоа од другата страна неколку пати во првото полувреме реагираа одлично и спречија речиси сигурни голови. Во вториот дел, тимот на Клоп почна да кикснува, а тоа го казнува Карим Бензема и продолжи да го тероризира Ливерпул – во 78. минута го постигна седмиот гол во меѓусебните дуели со Ливерпул.

До крајот на мечот гостите се обидуваа барем да стигнат до утешна реми, но резултатот не се менуваше. Нова победа на Карло Анчелоти против Јирген Клоп – 1:0!

Многу помала неизвесност имаше во Неапол, каде домашните фудбалери беа подобри од почетокот на натпреварот, постојано напаѓаа и го постигнуваа првиот гол во судиското надополнување на првото полувреме. Стрелец беше одличниот Нигериец Виктор Осимене . Истиот играч го постигна вториот гол во 53. минута, а Пјотр Зиелински од пенал во 64. минута ги постави конечните 3:0.

Реал Мадрид и Наполи сосема заслужено се во четврт-финалето. Пред нив тоа успеаја да го направат Баерн, Челзи, Милан, Бенфика, Манчестер Сити и Интер.

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите е закажана за петок, 17 март.