Connect with us

Фудбал

Бернардески ја напушта репрезентацијата поради повреда

Федерико Бернардески нема да може да игра на следните пријателски натпревари што ја очекуваат италијанската фудбалска репрезентација.  Денес тој ќе ја напушти базата на „азурите“ поради повреда.

Како што објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров, играчот не закрепнал по повредата добиена во Јувентус, па стручниот штаб одлучи да го ослободи.

Бернардески ќе ги пропушти пријателски натпревари со Саудиска Арабија, Франција и Холандија.