Connect with us

Фудбал

Беше платен 60 милиони евра, а одигра само четири натпревари: „Загрижени сме“

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино е загрижен за здравјето на Кристофер Нкунку (26). Францускиот напаѓач пристигна во лондонскиот клуб од РБ Лајпциг летото 2023 година за 60 милиони евра. Иако е ѕвезда која на 172 настапи за Лајпциг постигна 70 гола и 56 асистираше, во Челзи одигра само четири натпревари и постигна еден гол поради честите повреди.

Нкунку во првиот дел од сезоната го мачеа болки во коленото, додека сега има проблеми со колкот.

„Нкунку не тренира десет дена, ја следиме неговата состојба. Загрижен сум за неговата ситуација. Го чекавме шест месеци. Беше толку блиску до враќање и го почна натпреварот против Кристал Палас. Разочарани сме и загрижен затоа што сакаме да се врати што е можно поскоро“, рече тој Покетино.

Нкунку ја започна својата кариера во ПСЖ. Настапуваше за јуниорските и Б тимот, додека за првиот тим одигра 78 натпревари, постигна 11 и асистираше за пет гола. Тој потпиша договор со Челзи до 2029 година, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 75 милиони евра.

Челзи има уште една разочарувачка сезона под водство на Покетино. Не играат во ниту едно европско натпреварување, додека во Премиер лигата се само на десеттото место со 28 бодови. Ливерпул е водечки со 45 бода.