Connect with us

Други спортови

Без отпуштања во Мерцедес по фијаското со Хамилтон во Австрија

Мерцедес нема да отпуштат никого по грешката во стратегијата за време на болната за нив Гран При на Австрија, која ги лиши од првото место кај пилотите во Формула 1.

Третпат оваа сезона, шампионите се казнети од конкуренцијата при излегување на автомобил за безбедност. Во Австрија, Луис Хамилтон го загуби водството откако не влезе да ги смени гумите за време на виртуелниот автомобил за безбедност – грешка на стратешкиот тим на „сребрената стрела“, кој загуби премногу време во размислување.

Сепак, тимскиот шеф, Тото Волф негираше дека ќе има отпуштања или структурни промени.

Шефот на тимот одговорен за стратегијата за време на трките, Џејмс Воулс се извини на Луис на радиото. Шампионот падна на четвртата позиција, но подоцна болката за тактичкиот неуспех беше засенета од неговото прво откажување по 34 трки поради технички причини.

– Не ни се потребни промени. Најважно е да разбереме зошто дојде до грешка, да се вратиме на ситуацијата и да ја анализираме. Не мислам дека можеме да ја повториме оваа грешка вторпат. За мене Џејмс е еден од најдобрите во оваа сфера, прокоментира кратко Волф.