Connect with us

Други спортови

Без промени на врвот на најновата АТП листа

Во пресрет на Грен слемот Вимблдон, АТП ја објави најновата ранг листа на која нема промени на водечките позиции.

Лидер и натаму еШпанецот Рафаел Надал со 8.770 поени, пред Роџер Федерер (Швајцарија) со 8,720.

Далеку зад нив се Александер Зверев (Германија) со 5.755 поени, Хуан Мартин дел Потро има 5.080, а петтопласираниот Марин Чилиќ 5.060.

Во ТОП 10 уште се и: Григор Димитров (Бугарија), Доминик Тим (Австрија), Кевин Андерсон (ЈАР), Давид Гофин (Белгија) и Џон Изнер (САД).

Од македонските тенисер со најдобар рејтинг е Томислав Јотовски кој се наоѓа на 542. позиција со 60 поени.