Connect with us

Други спортови

Билетите за збогувањето на Надал чинат 141.000 евра: Еве кога и против кого завршува тениската бајка

Минатата недела еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал најави повлекување, а останува само да се појави на теренот на Дејвис купот,  мечеви кои ќе привлечат поголемо внимание од било кога. Надал по тешката битка со повредите реши да стави крај на агонијата и да ја заврши својата блескава кариера на домашен терен.

Последен настап ќе му биде натпреварувањето во Дејвис купот каде ќе настапува во дресот на шпанската репрезентација. Натпреварувањето е закажано за периодот од 19 до 24 ноември, а сите билети за овие дуели се распродадени. Она што е сигурно е дека Надал ќе биде на теренот против Холандија во четвртфиналето на Дејвис купот на 19 ноември и тоа можеби ќе му биде последен меч.