Connect with us

Фудбал

Бизарна ситуација во Бразил: Ја зеде топката и си постигна автогол, никој не му приговара (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација се случи во Бразил.

На натпреварот од регионалната лига меѓу Атлетико Амазонсе и Сул Америка бевме сведоци на вистинска бизарност која ќе ја има и својата следна епизода.

Во 89. минута при резултат 3:1 во корист на Сул Америка, фудбалерот на Атлетико Амазонсе направи потег кој ретко се гледа на фудбалските терени.

Голманот ја врати топката во игра, играчот од средниот ред му ја врати на дотичниот играч, кој се сврте кон сопствениот гол и без никакво размислување ноншалантно ја заби топката зад својот голман.

Изненадувачки, никој од соиграчите и никој на трибините не му кажа ништо, што предизвика уште поголеми полемики за овој случај.

Така натпреварот заврши со резултат 4:1, а на крајот од натпреварот започна скандал. Фудбалерот кој си постигна автогол веднаш беше обвинет дека го наместил натпреварот за да заработи од спортските обложувалници.

Клубот Атлетико Амазонсе издаде соопштение во кое го осудува „неспортското однесување“ и додава дека доколку се покаже дека станува збор за местење натпревари, сите инволвирани ќе бидат отпуштени од клубот.

Дополнително, организаторите на натпреварот најавија дека случајот ќе го предадат на полицијата.

Бидејќи веќе не се поставуваше прашањето за победникот, се чини дека дотичниот играч помогна во обложувањето на голови, поточно дека на тој натпревар ќе бидат постигнати пет или повеќе гола, и коефициент 9, да светне „зелен“.