Connect with us

Фудбал

Блиску до враќање на терените за Барса е и Фермин Лопез

Не се сите лоши вести во Барселона откако беше откриено дека Дани Олмо ќе отсуствува четири до пет недели.

Каталонците можат да се „засилат“ со Ансу Фати и Фермин Лопез. Фати се повреди во подготвителната сезона, а Лопез заработи повреда со репрезентацијата на Шпанија до 21 година.

Двајцата играчи на Барса би можеле да му бидат на располагање на Ханзи Флик за пресметката на Каталонците со Монако на 19 септември во главната фаза од Лигата на шампионите. Фати веќе одржа неколку тренинзи, а Флик не го вклучи во тимот за дуелот со Жирона, но оптимист за неговото враќање против Монако.