Фудбал
„Болницата“ на Реал се зголемува: Камавинга е последното име на листата на повредени, вкупно седуммина
Фудбалерите на Реал Мадрид изгледаат непрепознатливо на почетокот на оваа сезона, а една од причините за тоа се големиот број повредени играчи.
Во синоќешниот пораз од Ливерпул со 2:0 во петтото коло од Лигата на шампионите, на листата на повредени се најде уште еден играч, а тоа е Едуардо Камавинга. Камавинга мораше да го напушти теренот на „Енфилд“ во 56. минута поради повреда на препоните, а лекарите на мадридскиот клуб утврдија дека тој ќе мора да мирува три недели. Брилијантниот Французин со тоа стана седмиот првотимец на Реал кој е надвор од терените. На списокот на играчи на кои тренерот Карло Анчелоти не може да смета се и Дани Карвахал, Давид Алаба, Аурелиен Чоамени, Едер Милитао, Родриго и Винисиус Жуниор.