Connect with us

Други спортови

Борачот Дејан Митров освои бронзен медал на Медитеранските игри

Македонскиот борач Дејан Митров освои бронзен медал на Медитеранските игри во Тарагона.

Митров, кој се натпреварува во слободен стил во категоријата до 74 килограми, успеа со 3:1 да го совлада Мохамед Будра од Алжир.

За Македонија ова е четвртиот трофеј во Тарагона, прв од друг спорт покрај каратето.

Претходно каратистот Берат Јакупи освои златен медал, а  Жарко Арсовски и Ненад Келебиќ се закитија со бронза.