Connect with us

Фудбал

Бразил тестира опција со Нејмар, Жесус и Вилијан во нападот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите на вториот отворен тренинг на тимот испробувал варијанти со Нејмар, Габриел Жезус и Вилиан како напаѓачка тројка, јавуваат бразиските медиуми.

Ако Тите се реши на оваа опција, тоа значи дека Филипе Кутињо ќе биде вратен во средниот ред на тимот, додека од стартните единадесетмиба ќе отпадне Ренато Аугусто, кој и без тоа е критикуван од локалните аналитичари заради неубедливите игри во националниот дрес.

Според медиумите во Бразил, местото во почетниот состав на Нејмар, Жезус и Кутињо е сигурно.

Во моментов Тите врши подготовки само со 18 играчи, бидејќи халфот Даглас Коста и дефанзивецот Фагнер се повредени, а Роберто Фирмино, Касемиро и Марсело се очекува да се приклучат на тимот во понеделник, веднаш по утрешното финале на Лигата на Шампионите.