Фудбал
Бразилска ѕвезда: Конте ми викаше два часа пред моите соиграчи
Бразилецот Ричарлисон (26) пристигна од Евертон во Тотенхем во јули 2022 година за 58 милиони евра. Тогашниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, имаше големи очекувања од напаѓачот, но Ричарлисон постигна три гола и асистираше четири пати во 35 настапи за Тотенхем. Конте, пак, го напушти клубот во март. Тотенхем ја заврши сезоната на осмото место во Премиер лигата.
Ричарлисон зборуваше за ESPN за тоа како е да се работи со Конте. Бразилецот доби 20 минути да игра на Сан Сиро во осминафиналето на Лигата на шампионите, а по натпреварот изјави:
„Да видиме утре што ќе каже Конте… Никој не е будала овде, јас сум професионално, тренирам секој ден и сакам да играм. Оваа сезона беше заебана. Немам минутажа, но кога ќе излезам на терен давам се од себе.”
Бразилецот денеска тврди дека оваа изјава е погрешна, а Конте сепак го нарече себичен.
„Не требаше да го сторам тоа и да кажам дека заслужувам да играм повеќе. Подоцна му се извинив и му реков да ме казни. На сите им покажа дека тој е главен. Тоа е неговиот начин да се справи со тоа. Тој ми викаше речиси два часа пред соиграчите“.