Connect with us

Фудбал

Бројките се зголемуваат – вистинската вредност на Халанд е 1.000.000.000 евра?!

Во претходните два преодни рока видовме дека поранешната легендарна граница од 100 милиони евра веќе не е толку непроодна.

Челзи двапати ја собори во јануарскиот период, па којзнае какви трансфери и какви бројки не очекуваат веќе во текот на наредното лето.

Еден од највредните фудбалери на пазарот секако е Ерлинг Халанд.

Норвежанецот го засили Сити во текот на летото, пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден шеесет милиони евра поради постоечката клаузула во претходниот договор со германскиот клуб. И тогаш започна неговата доминација. Халанд постигна неверојатни 25 гола на 19 натпревари во Премиер лигата, вкупно 31 гол на 27 натпревари за Сити оваа сезона.

Тој веќе собори неколку рекорди во Премиер лигата, ако продолжи со ова темпо ќе ја испише историјата на островскиот фудбал. За него зборуваше и Рафаела Пимента, неговиот претставник и агент.

„За мене Халанд вреди милијарда евра. Можеби никој нема да плати толку многу, но тоа е потенцијалот што го има кога ќе пристигне во клубот. Со него доаѓаат нови навивачи, голови, резултати на теренот, професионализам, дигитални содржини, реноме, спонзори. Ако сето ова го собере, неговата вредност е резултат на многу работи. Но цената е веќе одредена од клубот.Знам дека никој нема да плати 700 милиони евра, но останувам убеден дека вредноста што Ерлинг додава дека по неговото пристигнување е огромна, дури и ако е милијарда евра“, изјави Пимента за „АС“.

Како што се движат бројките, нема да бидеме изненадени ако за, на пример, пет години се приближат до посакуваната вредност на неговиот агент.