Поврзи се

Фудбал

Чедомир Јаневски си оди од Вардар, Бобан Бабунски ќе го наследи

Чедомир Јаневски ја завршува авантурата како тренер на Вардар, а на негово место доаѓа Бобан Бабунски, пишува Sport Media.

Чедомир Јаневски ја завршува авантурата како тренер на Вардар, а на негово место доаѓа Бобан Бабунски. Смената се очекува во текот на денешниот ден, а доаѓа по скромните резултати на Вардар во пролетниот дел од сезоната.

Јаневски дојде во Вардар непосредно пред клучниот двомеч со Фенербахче за пласман во Европа Лигата и успеа да најде рецепт за историски успех. Потоа следеа и неуспеси во фазата по групи во ЛЕ, но и во домашното првенство и куп. Вардар нема да освои ниту една титула, а вина за лошите реузлтати има и раководството на Вардар со неколку чудни одлуки. Меѓу нив и наредбата да се игра со младинци против Силекс и со Шкендија во купот.

Бабунски е вардарово дете, ја почна кариерата во најтрофејниот наш клуб, а во кариерата беше и селектор на нашата репрезентација. За првпат ќе биде тренер на својот матичен клуб.

Извор: Sport Media

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com