Connect with us

Фудбал

Челзи договори еден од најзвучните трансфери ова лето!

Челзи ги договори сите детали од најголемиот трансфер откако лондонскиот клуб го презеде Тод Боли.

 

Челзи постигна договор со Манчестер Сити за пристигнувањето на Рахим Стерлинг за зделка вредна 50 милиони евра, пренесува The Athletic.

27-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со „сините“ и ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

 

Англискиот репрезентативец на почетокот на неделата ќе биде подложен на лекарски преглед во Лондон, по што ќе отпатува за САД, каде ќе им се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја.

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, веќе разговарал со Стерлинг, а поранешниот член на Граѓанинот наводно е импресиониран од визијата за фудбалот што му ја презентирал Германецот.

 

Во претходните седум години кога го носеше дресот на Сити, Стерлинг за актуелниот шампион на Англија постигна 131 гол на 339 натпревари.

 

Пристигнувањето на Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез на Етихад и жестоката конкуренција во Фил Фоден, Џек Гралиш и Ријад Махрез едноставно го принудија 27-годишниот да си замине.

 

Поранешниот член на Ливерпул со Сити освои четири титули во Премиер лигата, ФА Купот и три Лига купови. Дали ќе биде подеднакво успешен на Стемфорд Бриџ, само времето ќе покаже.