Connect with us

Тајмаут

„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на  Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина на аргентинскиот фудбалер.

Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.

– Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него, истакна слаткарката Дарија Малкина.

Таа наведе дека стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.

– На Лионел Меси му го дадовме Лионел Меси, изјави Малкина.

Скулптурата беше изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.