Connect with us

Фудбал

Чудно: „Сан Сиро“ можеби нема да биде распродаден за Милан – Ливерпул

Крајно чудна појава може да се случи кога зборуваме за Милан и домашните натпревари на „росонерите“ на европските клупски турнири, а особено Лигата на шампионите.

„Сан Сиро“ е далеку од целосно распродаден, иако го пречекува првиот натпревар на Милан од Лигата на шампионите во вторник во 22 часот, кога тимот на Пауло Фонсека е домаќин на Ливерпул.

На нешто повеќе од 24 часа пред почетокот, 55.000 билети се продадени од вкупно нешто над 75.000, колку што е капацитетот на стадионот кога се во прашање натпреварите од Лигата на шампионите. Со тоа стадионот е во опасност да не биде целосно распродаден за натпреварот помеѓу Милан и Ливерпул.

Седиштата на „Сан Сиро“ се достапни во сите делови, а нивната цена е намалена, а навивачите можат да добијат пропусница за само 35 евра, што е исклучително мало за игра од ваков калибар.