Connect with us

Фудбал

„Да добиев макар една минуа, само да почувствував како е да се биде на СП“

Не стивнува бурата по вчерашната одлука на белгискиот селектор Роберт Мартинез да го изостави Раџа Наигголан од листата на играчи за Светското првенство.

Белгиските медиуми сега посветија најголемо внимание на Наинголан. Фудбалерот на Рома испадна голема жртва, а селекторот Роберто Мартинез е оној кој сè помалку го сакаат, а тој неодамна потпиша продолжување на соработката со Белгиската фудбалска федерација.

Раџа е тажен, се откажа од репрезентацијата, а во интервју за „Studio Brussel“, тој повторно изрази жалење дека нема да оди во Мундијал, исто како што не отиде и пред четири години во Бразил.

„Ако барем во групната фаза имамв барем една минута, само да почувствувавв како е да се игра на СП. Секогаш сум сонувал да одам во СП, мислам дека го заслужив. Тажен сум и разочаран“, рече Наинголан.

„Се чувствувам добро, секако. Добро е да се знае дека толку многу луѓе ве поддржуваат и бранат. Факт е дека моите соиграчи реагираа велејќи дека не е проблемот во мене, туку во селекторот“, заклучи фудбалерот од средниот ред на Рома, а сега поранешен репрезентативец на Белгија.