Фудбал
„Дали би работел во Баселона? Веќе го водам најголемиот клуб во светот“
Жулен Лопетеги го направи првиот скандал откако одлучи да го преземе Реал Мадрид уште додека беше под договор со Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Доби отказ на позицијата селектор на „Црвената фурија“ само неколку дена пред стартот на Светското првенство, но тоа премногу не го погоди и сега ужива во Мадрид..
Во разговор за „Cadena Ser“ Лопетеги даде интересен одговор на прашањето за тао дали би седнал на клупата на големиот ривал Барселона.
„Веќе работам со најдобриот тим на светот“, кратко рече Лопетеги, а потоа го коментираше отказот на местото селектор на Шпанија.
„Секогаш ќе го поздравувам Луис Рубиалес (претседателот на сојузот) затоа што сум образуван човек“, порача Лопетеги.
Тој со Реал го изгуби натпреварот за првиот трофеј во новата сезона, трофејот од Суперкупот на Европа, но во домашното првенство има максимален ефект, три победи во три натпревари.