Connect with us

Ракомет

Дали Македонија добива „нов министер за одбрана“ во ракомет, погледнете ја одбраната на мечот со Хрватска (ВИДЕО)

Младата македонска репрезентација во ракомет за играчи до 20 години има една победа против Црва Гора (31:21) и реми против Хрватска (24:24). На овој меч голманскиот двоец Брестовац/Галевски забележа 11 одбрани. Особено е издвоена одбраната на Брестовац во првите минути при резултат 6:5 за Македонија. Ако продолжат вака младите, сигурно дека ќе имаме на голот „нов министер за одбрана“ како што го нарекуваа на времето Борко Ристовски. Следниот меч македонските надежи го играат со лидерот во групата Австрија утре во терминот од 14:20 часот.