Connect with us

Фудбал

Далиќ и избраниците се уште се во шок

Во светот на фудбалот жестоко одекна победата на Шпанија над Хрватска 6:0. Огнените беа паднаа на колена, а Шпанците покажаа одлична игра.

Златко Далиќ како и целата нација беше разочаран по завршувањето на натпреварот, но јасно кажа дека овој пораз треба да биде лекција за во иднина.

Сите европски и светски медиуми, пишуваат за лошата игра на Огнените, угледниот американски „Deadspin“, исто така, го анализираше натпреварот и не штедеа на зборови.

“Шпанија ја уништи Хрватска, многу горди тим, тоа е апсолутно крвопролевање. Но, повеќето од Шпанија треба да чувствуваат лутина и фрустрација кон кретените кои беа на чело на тимот пред Светското првенство во Русија, кога го отпуштиа тренерот Јулен Лопетеги поради суета и гордост, “, пишува „Deadspin“, но исто така наведува дека Хрватска не играла со полна сила.

Исто така, се вели дека иднината на шпанскиот фудбалски тим изгледа одлично.