Поврзи се

Други спортови

Даниел Рикардо победник во големата награда за Кина

Австралијанскиот возач на Ред Бул,Даниел Рикардо е победник на големата награда за Кина на третата трка од шампионатот на Формула 1 оваа сезона.

Рикардо го забележа својот прв триумф оваа сезона но и шести во кариерата откако ги искористи грешките и лошата стратегија на Ферари и Мерцедес.

На втората позиција се најде Валтери Ботас од Мерцедес,трет е возачот на Ферари Кими Рајконен,додека актуелниот шампион Луис Хамилтон заврши на четвртата позиција.

Фетел ја задржа првата позиција во генералниот пласман и покрај лошиот перформанс тој е во водство со 54 бода,на второто место се наоѓа Луис Хамилтон со 45,Валтери Ботас има 40,Рикардо 37,Кими Рајконен 30,Алонсо и Нико Хулкенберг имаат 22 бода.

Извор: 1 ТВ

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Други спортови

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com