Connect with us

Ракомет

Данска ја совлада Франција во ракометната класика за трето светско злато во низа

Данска ја победи Франција со 34:29 во финалето на ракометниот Мундијал во Стокхолм и стигна до третата светска шампионска титула. Данска ги освои сите три титули во низа (2019, 2021 и 2023 година), што до сега не успеала ниту една репрезентација во историјата.

Французите и понатаму се најтрофејната нација со шест титули. Инаку, овие две селекции го освоија секое светско злато од 2007 година (кога беше шампион Германија), освен 2013 година кога Шпанија беше најдобра.

Шпанските ракометари го освоија третото место откако во мечот за бронза ја совладаа Шведска со 39:36.