Connect with us

Фудбал

Давид Луис ова лето се сели во Серија А?

Ситуацијата во врска со судбината на дефанзивецот на Челзи, Давид Луис, е многу интересна.

Бразилскиот дефанзивец не играше минатата сезона скоро не играше за неговиот тим и се очекуваше да го напушти клубот во јануари. Сепак, тоа не се случи, па сега чека што ќе биде на лето.

И додека некои сметаат дека тој речиси сигурно ќе го напушти тимот, други велат дека Луис чека да го види расплетот околу тренерот на Лондонскиот тим. Како што е познато, англиските медиуми со денови пишуваат за тоа дека Маурицио Сари треба да ја преземе клупата од Антонио Конте.

Во меѓувреме, Италијанските медиуми пишуваат дека поранешниот клуб на Сари, Наполи, е заинтересиран за Луис и се подготвува да понуди тешки 30 милиони евра.

Во текот на минатата сезона, Луис постигна само 10 настапи за Челзи, па логично е нема што да бара во овој клуб ако Конте остане тренерот.