Фудбал
Де Лаурентис: Испративме жалба затоа што Ливерпул е во нашата група
Наполи успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, но сигурно дека во италијанскиот клуб не очекуваа дека имаа тешка жрепка.
Извлекувањето на групите за новата сезона од Лигата на шампионите беше минатата недела во Монако, а групата „Ц“ е прогласена за групата на „смртта“. Во оваа група се наоѓаат ПСЖ, Наполи, Ливерпул и Црвена Звезда. Сигурно е дека не очекува голема борба за двете места кои водат во втората фаза од ова натпреварување.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во изјава за италијанските медиуми зборуваште за извлекувањето на групите, и кажа дека ќе се жали до УЕФА затоа што во нивната група е Ливерпул.
„Огорчени сме од ваквиот исход и сигурно е дека ќе барам некое објаснување од УЕФА. Ливерпул кој минатата сезона играше во финалето од Лигата на шампионите се наоѓа во третиот шешир. Па, како е тоа можно? Тоа едноставно не е нормално и ќе се жалиме“ рече Де Ларентис.