Connect with us

Фудбал

Дел Пјеро за потегот на Влаховиќ: Колку напаѓачи можат да го направат ова?

Јувентус и Интер одиграа 1:1 во дербито од 13. коло во Серија А. Со ова реми Интер го задржа првото место со два бода пред Јувентус. Јуве поведе со голот на Душан Влаховиќ во 27. минута, а бод на Интер шест минути подоцна му донесе Лаутаро Мартинез. Голот на Влаховиќ го воодушеви Алесандро Дел Пјеро, легендарниот капитен на Јувентус.

По левата страна се проби Федерико Киеза, кој искористи одлична топка по земја за српскиот центарфор. Влаховиќ погоди од прва со послабата десна нога за водство на торинскиот тим. Дел Пјеро за тој гол рече:

„Разликата ја направи топката што ја испрати до Киеза, кога започна контранапад. Колку напаѓачи се способни да направат такво нешто? Прослава на голот на Влаховиќ? Сакам да ве потсетам колкава тензија создава дресот на Јувентус. Не постигна гол долго време. Вечерва тој го одигра еден од најдобрите натпревари за Јувентус“.

Душан Влаховиќ (23) пристигна во Јувентус во јануари 2022 година за 80 милиони евра. За Јувентус постигна 28 гола на 74 настапи, а минатото лето Јувентус сакаше да го испрати во Челзи за да го добие Ромелу Лукаку.

За да го погледнете видеото кликнете тука.