Поврзи се со нас

Фудбал

Депај во „војна“ со Лион за Барса

Иако имаше голема желба, ништо не успеа во летниот преоден рок, но Мемфи Депај сака да го оствари сонот во јануарскиот преоден рок.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, напаѓачот на Лион веќе работи со неговиот агент за да се среди сè и да се пресели на „Камп Ноу“ во јануари.

26-годишниот фудбалер има договор со Лион до летото 2021 година, тој беше многу, многу близу до трансфер во Барса во текот на летото.

Лион сака да го задржи до летото, но Депај е решен да се приклучи на Барселона во првите денови од новата година.

loading...

Facebook