Connect with us

Фудбал

„Дерби на Италија“ интересни факти

Вечерва се игра „Дерби на Италија“, едно од најголемите ривалства во фудбалот. Интер е домаќин на Јувентус, а во пресрет на мечот, еве неколку интересни факти.

*Јувентус е формиран во 1897 година, Интер 1908 година.

*Прв меч на 14 ноември 1909 година, Јувентус победил со 2:0.

*Најголема победа во меѓусебните дуели ја има Јувентус, 9:1 остварена на 10 јуни 1961 година.

*Најголема победа на Интер против Јуве е 6:0 остварена на 04 април 1954 година.

*Овие две екипи, од почетокот на своето постоење, одиграле 235 официјални натпревари. Јувентус има 106 победи, Интер 71, а 58 средби завршиле нерешено.

*Најдобри стрелци во меѓусебните дуели Џузепе Меаца, Омар Сивори и Роберто Бонинсења, сите постигнале по 12 погодоци на „Дерби на Италија“

*Дали сте знаеле дека Џузепе Меаца, легенда на Интер, според кој  стадионот во Милано го носи неговото име кога овој тим игра на домашен терен, една сезона настапувал за Јуве. Тоа било 1942–1943, одиграл 27 мечеви и постигнал 10 голови.

*Јувентус има 35 титули во Италија, Интер 18. Во Лигата на шампионите Интер има 3, Јувентус 2.

*Интер, е единствениот тим кој никогаш не испаднал од Серие А, одиграл 88 сезони. Јувентус една сезона не беше дел од елитата.

*Јувентус освоил само една шампионска титула пред да се формира Интер, онаа во 1905 година.

*Интер се формирал 1908 година, а веднаш во сезоната 1909/10 ја освоил титулата.

*Торино е градот кој има најмногу шампионски титули, вкупно 42, Јувентус освоил 35, а клубот Торино 7. На второто место е градот Милано со 36 титули.

*Џанлуиџи Буфон е единствениот активен играч во ТОП 10 со најмногу настапи во Серие А. Досега собра 642, а пред него е само Паоло Малдини со три настапи повеќе.