Connect with us

Други спортови

Џошуа им испрати порака на Вајлдер и Фјури

Одлично одработено од Фјури! Сакам меч против тебе, бидејќи претпоставуваа дека си готов. Но, јас ќе ти дадам фер третман кога ќе бидеш подготвен. Третманот може да го добие било кој од вас двајца, изјави Британецот

Светот на боксот е воодушевен од борбата која ја приредија Британецот Тајсон Фјури и Американецот Дионтеј Вајлдер, но од друга страна претставува и големо разочарување заради нерешениот резултат во мечот каде што доминираше Британецот и покрај тоа што два пати  беше легнат на подот.

Контроверзната одлука помалку го засени одличниот меч, но веќе на големо се зборува за реваншот кој би можел да се одржи во Велика Британија. По борбата се огласи и моменталниот „крал“ во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа, кој наводно нестрпливо ја чека борбата со Вајлдер или  Фјури.

-Што им требаше толку долго на овие будали? Како да не сме заинтересирани за меѓусебен меч, запраша Џошуа зборувајки за Вајлдер кој најави борба против Џошуа за обединување на титулите и додаде:

Нема врска, одлично одработено од Фјури! Сакам меч против тебе, бидејќи претпоставуваа дека си готов. Но, јас ќе ти дадам фер третман кога ќе бидеш подготвен. Третманот може да го добие било кој од вас двајца.

Британецот често е обвинуван дека ги избегнува вистинските борби и дека ги бира боксерите со кои лесно излегува на крај. Меѓутоа, борбата против Вајлдер или Фјури наводно би можела да се случи уште во 2019 година. Со Американецот разговортие повторно ќе бидат актуелни во наредниот период.

-Ќе видиме што ќе се договориме, кусо прокоментира менаџерот на Џошуа, Еди Херн.

Џошуа во кариерата има скор од 22 победи без пораз ( 21 со нокаут). Перфектниот скор Фјури и Вајлдер го расипаа со меѓусебното реми пред неколку дена.

Џошуа во рингот се враќа во април, а  неговиот противник би можел да биде Дилан Вајт, опасен боксер кој беќе еднаш го победи.