Connect with us

Фудбал

Ди Марија бара трансфер во Атлетико Мадрид

Аргентинскиот репрезентативец во дресот на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија најавил дека би сакал да го напушти клубот и да се врати во шпанската престолнина.

Според пишувањето на весникот Ас, Ди Марија веќе имал контакти со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и начелно се согласил за трансфер.

Ди Марија веќе настапуваше во Мадрид, но го носеше дресот на Реал, потоа замина во Манчестер Јунајтед, а за Пари Сен Жермен настапува во изминативе три сезони каде на 124 натпревари постигнал 50 погодоци.