Connect with us

Фудбал

Дилејни е новиот играч на Борусија

Станува збор за поранешниот капетан на Вердер. Новиот тренер, Лусиен Фавр одлучи да го реконструира тимот, така што може да се очекуваат дополнителни засилувања. Клубот од Дортмунд за данскиот играч ќе мора да плати 24 милиони евра.

Овој 26-годишен играч од средниот ред во Бремен пристигна пред две години од Копенхаген за 2 милиони евра и оттогаш е еден од најдобрите играчи во тимот.

Медиумите во Германија пишуваат дека официјалното промовирање на новото засилување ќе биде во петок.

Ова лето Томас Дилејни ќе биде трето засилување за Борусија Дортмунд, прво засилување беше голманот Марвин Хиц, кој дојде од Аугсбург како слободен играч, а второто засилување, Мариус Волф, кој дојде од Ајнтрахт за 5.000.000 евра.