Connect with us

Фудбал

Димитриевски: Ова е одлучувачки меч!

Македонскиот голман Столе Димитриевски вели дека утрешниот меч со Ерменија е одлучувачки кој ќе биде прв на табелата. Како што вели, тоа е желбата и целта на сите во националниот тим, па би бил задоволен и со победа од 1:0. Мечот се игра утре во 18 часот во Ереван.

„Овој натпревар можеби е одлучувачки за првото место во групата, па ако со победа го осигуруваме првото место, тогаш нека биде и минимална победа од 0-1, но да бидеме први.Со Шишковски често разговараме за ерменските репрезентативци и спремни сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработка со одбранбените фудбалери на последните три натпревари и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки, се спремам за сите натпревари на ист начин. Така ќе биде и утревечер“, вели Столе Димитриевски.