Connect with us

Фудбал

Донарума во проблеми – не сака да остане, а нема кој да го купи!

Џанлуиџи Донарума е во неволја. Не сака да остане во Милано, проблем се навивачите, но и целокупната ситуација во клубот, а барањата на Милан се премногу големи.

Ливерпул беше заинтересиран, но кога ја слушнаа цената од 50 милиони плус бонуси, рекоа дека не се заинтересирани за Донарума. Буфон ги расипа плановите на Раиола, ПСЖ беше подготвен да плати околу 40 милиони евра, но кога се укажа прилика да го земат бесплатно веројатно најдобриот голман на сите на време во светот, се откажа Донарума.

Други понуди нема, иницијативата на Раиола околу Јувентус, уште еднаш беше отфрлена, другите клубови имаат голмани, и ако не постои домино ефект, со евентуалното заминување на Де Геа, што е малку веројатно, Донарума останува без опција. Покрај тоа, никој нема да плати повеќе од 35 милиони евра за голманот на Милан, што е многу помалку од очекувањата на клубот.

19-годишниот италијански репрезентативец имаше премногу барања кога беше главна приказна во клубот, а сега кога сопствениците имаат поважни проблеми, неговата судбина не е извесна.