Connect with us

Фудбал

Донесена шокантна одлука за која со денови ќе се зборува во Италија

Натпреварувачката комисија ја донесе конечната пресуда за поништениот гол на Аркадиуш Милик на натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана (2:2).

Јувентус губеше од Салернитана со 0:2, стигна до 2:2, а по корнер во 95. минута Милик постигна гол, но потоа настана хаос. Судијата го поништи голот по консултација со судиите на ВАР, но подоцна се покажа дека е огромна грешка.

Според нивното мислење, во офсајд беше Леонардо Бонучи, кој наводно со глава влијаел на натпреварот и така го попречил голманот на гостите, но подоцна се појавија фотографии на кои се гледа дека гостинскиот играч Кандрева бил најблиску до неговиот гол.

Случајот е толку значаен во Италија што на насловната страница на „Ла Газета дело спорт“, најголемиот дневен весник, повеќе место му беше посветено отколку на италијанските одбојкари, кои во неделата станаа светски шампиони.

Торинскиот дневен весник „Тутоспорт“ објави дека теоретски има шанси натпреварот да се повтори. За тоа да се случи, судијата на овој натпревар (Маттео Марсенаро) ќе треба отворено да ја признае грешката во резултатот. Дополнително, спортскиот суд би требало да ја потврди грешката и да признае дека таа навистина влијаела на резултатот од натпреварот. Но, ништо од тоа. Одлуката е веќе донесена, а причината зад неа е шокантна.

„Газета дело спорт“ пренесува дека работата е веќе расчистена. Комисијата за натпреварување требало да заклучи дека судиите не направиле груби прекршоци што може да резултираат со нивна суспензија. Така, судиите ќе продолжат да работат на идните натпревари во Серија А.

Во написот се наведува и дека судиите немале увид во позицијата на Кандрева. Ситуацијата била анализирана кога на сликата не се гледал играчот на Салернитана.

„При донесувањето на својата одлука, судиите видоа слика која за жал се покажа како погрешна. Сепак, тие самите не згрешија. Ниту судиите, ниту тимот на ВАР. Ни треба мир. Да не бараме скандал“, изјави Габриеле Гравина, претседател на Италијанската фудбалска асоцијација.

Јувентус остана без важни бодови, но ова не е прв пат, а веројатно не и последен пат вакви грешки да се случуваат на натпреварите од Серија А.