Connect with us

Кошарка

Дурант ќе ги пропушти и следните два натпревара со Портланд

Објавено:

Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант нема да може да му помогне на тимот и на третиот и четвртиот натпревар од финалната серија во плејофот на Западната конференција против Портланд.

Триесет годишниот Американец се уште се опоравува од повредата добиена на петтиот натпревар со Хјустон, објави „ЕСПН“.

Во досегашните настапи во плејофот, Дурант во просек постигнуваше 39,4 поени, 5,2 скока и пет асистенции.

По два натпревара со Портланд, актуелнио НБА шампион води со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама