Фудбал
Дури осум ѕвезди откажаа да дојдат на собирот на Англија, велат дека се повредени
Дури осум фудбалери во последен момент го откажаа доаѓањето на собирот на репрезентацијата на Англија пред предизвиците во Лигата на нации.
Како причина за ваквата одлука на осумте играчи се наведуваат повредите, а јавноста во Англија со право се прашува дали навистина се повредени или немаат мотив да играат во Лигата на нации, на последните натпревари под водство на Ли Карсли.
Карсли од 1 јануари ќе го наследи Томас Тухел на клупата на Гордиот Албион, а медиумите во Англија пишуваат дека токму тоа им олеснило на играчите да го откажат доаѓањето на собирот. Тоа се Деклан Рајс, Букајо Сака, Фил Фоден и Џек Гралиш, Кол Палмер, Леви Колвил, Трент Александар-Арнолд и резервниот голман Арон Рамсдејл. Поради гореспоменатите откажувања, Карсли реши да испрати последователни повици до Морган Роџерс, Џарад Брантвејт, Тино Ливрамент и Џејмс Трафорд. Англичаните во четврток ги очекува гостување во Грција и в недела на домашен натпревар против Република Ирска, со што ќе го завршат натпреварувањето во групната фаза од Лигата на нации.