Connect with us

Фудбал

Еден Азар во новата сезона влегува со нова позиција на теренот

Во стручниот штаб на Реал Мадрид планираат да создадат дополнителен простор за Еден Азар.

Првите три сезони за Азар во Мадрид беа многу тешки и разочарувачки, но тој има шанса за нов почеток. Поради Светското првенство кое кон крајот на годината се игра во Катар, распоредот ќе биде доста згуснат, има многу труд за сите, па тренерите ќе мора повеќе да ротираат.

 

Карло Анчелоти е свесен дека мора да биде внимателен со Карим Бензема кој во декември полни 35 години и има неверојатна минутажа, минатата сезона на теренот помина 3919 минути.

 

Како што дознава мадридскиот весник АС, Азар ќе добие можност да игра како лажна деветка, со што Бензема ќе има повеќе простор за одмор. Тоа ќе биде нешто ново за Белгиецот, чија природна позиција е левото крило. Сега таа позиција целосно му припадна на талентираниот Бразилец Винисиус, кој лани постигна дури 22 гола со 16 асистенции и додаде четири изнудени пенали.

 

Десната страна му припаѓа на неговиот сонародник Родриго, а Еден Анчелоти планира да ротира со Бензема и затоа ќе има повеќе простор за игра, иако тоа најмногу ќе влијае на резервниот напаѓач Борха Мајорал, додека Маријано Дијаз и Лука Јовиќ речиси сигурно ќе најдат нови клубови. .

 

Еден нема да има ништо против тоа, всушност изјави дека е подготвен на се само за да игра и да добие нова шанса. Не е дека никогаш не играл како централен напаѓач, но тоа ќе биде посебно искуство за 31-годишниот фудбалер.

 

Азар има најголема плата во Реал Мадрид иако има споредна улога. Белгиецот добива 12 милиони евра нето годишно, што значи дека заработува повеќе од Бензема, Модриќ, Крос и Куртоа кои имаат многу поважни улоги во тимот.