Поврзи се

Фудбал

Една ситуација, две објаснувања: Се огласија Бенатиа и Васкез

Актерите на синоќешната спорна ситуација што се случи на крајот на реванш натпреварот во четврт-финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Бенатиа и Васкез, се огласија веднаш по натпреварот.

Дефанзивецот на Јувентус, Бенатиа во својот шеснаесетник го сруши напаѓачот на Реал Мадрид Васкез, и судијата покажа на белата точка. Кристијано Роналдо  беше прецизен од белата точка и Реал се пласираше во полуфиналето.

По натпреварот, како што се очекуваше, едниот тврдеше дека беше пенал, другиот го негираше тоа.

“Го заобиколив Васкез и ја удрив топката. Тој се сруши на подот, само затоа што немаше што друго да стори во тој момент. Можете да видите како топката отскокна после ударот од мојата нога и отиде во друга насока. Да досудиш таков пенал е апсурдно. Ние сме жртви во оваа ситуација, но ние сме многу горди на она што го направивме”, рече Бенатија.

Од друга страна, Васкес имаше поинаков поглед на оваа ситуација.

“Тоа беше пенал? Да. Кристијано Роналдо ја додаде топката до мене во близина на белата точка и во моментот кога тргнав на шут, централниот бек ми пријде од зад грб и ме срушени. Воопшто немаше дилема дали тоа беше пенал. Протестите на Јувентус беа нормални, беше последната минута. Во Лигата на шампионите, никој не простува, така е тоа “, вели Васкез.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com