Connect with us

Фудбал

Елмас и Чурлинов ја тресат мрежата на Малта за водствол на Македонија

Македонската репрезентација во моментов го игра натпреварот од првото коло од квалификациите за Европското првенство против репрезентацијата на Малта.

После еден час игра која не беше претерано интересна Елмас и Чурлинов ја разбудија публиката на арената Тодор Проевски.

Прво Елмас во 66. минута ја затресе мрежата на Малта. По одличниот центаршут на Алиоски, Миоски со глава ја спушти топката за Елмас која со силен удар ја смести топката во мрежата на Малта.

Во 72. минута, Чурлинов на насистенција на Барди ја затресе мрежата на Малта и му донесе водство на Македонија од 2:0.