Connect with us

Фудбал

Емери: Повеќе сакам 5:4, отколку 1:0

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери најави офанзивен пристап на неговиот тим, велејќи дека повеќе сака да победи со 5:4, отколку со 1:0.

Изјавата на Шпанецот не е својствена за денешните тренери кои најчесто приоритет им е да не примат гол, но тоа не важи за трократниот освојувач на Лига Европа како предводник на Севиља.

– Сакам ефикасен фудбал и офанзивен пристап на моите играчи. Повеќе преферирам 5:4, од минималец 1:0. Сакам да работам и анализирам. Секој натпревар ми е како филм. Размислувам за секој детаљ на натпреварите. Сакам мојот тим да напредува и технички и тактички, изјави Емери.

Шпанскиот фудбалски стручњак доаѓа во Арсенал каде ќе го наследи Арсен Венгер кој 22 години беше на клупата на „топџиите“.