Фудбал
Енрике: Разговорите со Килијан ќе ги чувам во тајност
Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, покрај освојувањето на Лигата на шампионите има за задача и да го задржи најдобриот игра во редовите на ПСЖ во клубот. Енрике изјави дека разговорите со Мбапе ќе ги чува во тајност.
„Кога го потпишав договорот, сите опции останаа отворени. Ќе ги задржам разговорите со Килијан приватно. Не можам да дадам детали, но ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што можеме од тимот на ПСЖ“, изјави новиот тренер Луис Енрике.
Мбапе веќе сега на 24 години е во конкуренција за најдобар играч на ПСЖ во историјата. Откако пристигна во Париз од Монако во 2018 година, забележа 260 настапи и постигна 212 гола. Тој беше најдобар стрелец на последното Светско првенство, каде Франција го освои среброто.