Ракомет
Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони, Митревски имаше 15 одбрани!
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го совлада данскиот противник Фредериција на гостински терен со 25-23 и со тоа ја забележа првата победа во Лигата на шампиони во последните две сезони.
До премиерниот триумф Еурофарм Пелистер го предводеше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Филип Кузмановски со пет голови.
По почетното водство од 1-0, Пелистер во продолжението на првиот дел постојано беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (10-13).
Сепак, битолскиот состав фуриозно го почна второто полувреме, го презеде водството и во 45 минута имаше предност од 19-16, а во 51 минута и највисоки +4 (21-17).
Фредериција со серија од 4-1 го однесе натпреварот во неизвесна завршница, во која Еурофарм Пелистер ја сочува предноста и го забележа првиот триумф во Лигата на шампиони во која настапуваше и лани кога сезоната ја заврши без победа.
Со вечерашниот триумф Еурофарм Пелистер собра три бодови и се искачи на 6 место на табелата во групата А кое обезбедува пласман во плејофот.
Во следното, осмо, коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека вечерашниот противник пред своите гледачи во Битола, на 20 ноември.
The post Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони appeared first on 24info.mk.
Powered by WPeMatico