Connect with us

Ракомет

Еурофарм славеше победа над вицепрвакот Веспрем во Битола

Еурофарм работник на домашен терен му зададе прв удар на Веспрем. „Фармацевтите“ славеа во „Боро Чурлевски“ со 26-24 во рамките на 4. коло од СЕХА лигата.

Првиот официјален натпревар меѓу Еурофарм Работник и Веспрем заврши во полза на македонскиот вицепрвак, кој запиша победа на домашен терен во Битола (26-24) во рамки од четвртото коло. Ова беше прв пораз за Унгарците во регионалното натпреварување, а за „фармацевтите“ тоа беше трет триумф од исто толку натпревари сезонава.