Connect with us

Други спортови

Еве што доби Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ победи против Јаник Синер со 3:0 во сетови во полуфиналето на Вимблдон и успеа по деветти пат во кариерата да влезе во финалето на најпрестижниот турнир во светот. Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 6:3 и 6:4, а последните 7:6. Ѓоковиќ ќе се бори за осмиот Вимблдон и 24. Грен слем во кариерата, водечки на листата на најдобри тенисери во историјата.

Пласманот во финалето на Вимблдон значи дека Ѓоковиќ има освоено 1.200 поени на АТП-листата и со тоа, барем привремено, го освои првото место пред Карлос Алкараз. Доколку го освои турнирот, Ѓоковиќ сигурно ќе дојде до првото место на АТП-листата. Исто така, Србинот обезбеди награда од 1,37 милиони евра за пласман во финалето.